Македонија
4. August 2016 - 16:38

Трагедија во Гостивар - Момче загина од струен удар

За само една недела гостиварци повторно се сведоци на губење на млад човечки живот. Овој пат момче на возраст од 26 години починало во својот дом, најверојатно од струен удар.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи  безживотното тело  на момчето вчера околу 15 часот и 30 минути го нашол негов братучед.  Го нашол во кадата во бањата без никакви знаци на живот. Кадата била полна со вода, а над неа на електричен приклучок бил приклучен фен за сушење коса. Првичните сознанија се дека смртта настапила како последица од електричен удар. Телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител било однесено на обдукција, а потоа предадено на семејството.

Првиот случај во кој млад човек го забуги живот е од пред еден недела во сообраќајка. 31 годишен гостиварец кој возел моторцикл загина откако во него удре возило управувано од малелолетник на 16 години.