Македонија
15. September 2020 - 12:57

Трагедија во Гевгелија: Возач со автомобил излета од мост

Трагично утро во Гевгелија. 50 годишен скопјанец го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 7 часот и 30 минути на излезот од градот. До несреќата дошло откако возилото што го управувал скопјанецот изгубило контрола и излетало од мостот, а потоа удрило во лимени гаражи што се наоѓаат во непосредна близина. За сега не е познато која е причината што ја предизвикала несреќата.Од СВР Струмица го потврдија настанот, но детали за причините не соопшти и од таму. Тие ќе се знаат по целосното завршување на истрагата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот возач е предадено на обдукција.