Трагедија во Бразил: Пукна рударската брана, најмалку 7 загинати и 200 исчезнати
Најмалку седум лица загинаа, а околу 200 други се водат како исчезнати по пукањето на рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, соопштија бразилските власти. Претставник на властите информира дека спасувачките екипи досега успеала да пронајдат тела на седум загинати лица, додавајќи дека продолжува акцијата за пронаоѓање на исчезнатите.
Водата од акумулацијата на пукнатата брана поплави делови од местото Вила Фертеко, носејќи со себе потенцијално отровен отпад, што предизвикува стравување од можно загадување на животната средина.
Според противпожарната служба, неколку десетици лица се заглавени во поплавеното подрачје и очекуваат до нив да стигнат спасувачките екипи.
Бразилската рударска компанија „Вале СА“, која е сопственик на рудникот, соопшти дека во време на пукањето на браната во таа зона се наоѓале околу 300 работници.
Поради несреќата, властите спроведоа евакуација на поголем број жители од Вила Фертеко.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот