-->
-->
Трагедија: Тројца мигранти се удавија во Сува река
-->
Тројца мигранти од Авганистан рано изутрината околу 3 часот и 30 минути се удавија во надојдената вода на Сува река откако илегално ја поминале македонско-грчката граница во близина на селото Моин, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Групата Авганистанци броела 26 членови, од кои останатите се спасени од македонските безбедносни сили што ја контролираат македонско-грчката граница.
Сите тие, според информацијата што ја соопшти раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаревски, се чувствуваат добро и се сместени во гевгелискиот прифатен центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд