Трагедија: Три сестри починаа во подметнат пожар
Три сестри од ромска националност загинаа во подметнат пожар во Италија.
Тие изгореле во камперска приколка во предградие на Рим, јавија француските медиуми.
Жртвите, на возраст од четири, осум и 20 години, спиеле со своите родители и уште осум браќа и сестри, кога приколката им се запалила.
Снимките од безбедносните камери покажуваат човек кој фрла шише врз приколката пред таа да се запали, соопштија иследниците.
Не е јасно дали е во прашање ксенофобичен чин или некој од друго семејство „ги израмнува сметките“, наведуваат британските медиуми.
Преживеаните членови на семејството изјавиле дека неколку дена пред несреќата добиле закани, пренесуваат италијанските медиуми.
Проромската група „Асоциационе 21 Лулјо“, која редовно ги критикува актите на дискриминација и насилство врз Ромите во Италија, изрази болка заради трагедијата.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела го осуди „страшното злосторство“, додека папата Франциско го испрати својот капелан да го утеши семејството и да им однесе помош.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот