Трагедија: Сопружници од Битола и сопружници од Могила загинаа во верижната сообраќајка во ресенско, истрагата е во тек

СВР-Битола го утврди идентитетот на загинатите лица и другите учесници во сообраќајната несреќа што вчера се случи кај местото викано „Рибник“ во непосредна близина на наеленото место Крушје.
Како што информираше МИА, во сообраќајката учествуваа три патнички возила, а на местото на несреќата загинаа четири лица.
- Сообраќајната несреќа се случи ма магистралниот пат „А-3“ релација Охрид-Ресен, кај местото викано „Рибник“ во село Крушје. Во сообраќајната незгода учествуваа три патички моторни возила - „мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Миле Р. (1951г.) со сопатничката Менка Р. (1953) и двајцата од Битола, патичко моторно возило „ауди а-4“ исто така со битолски регистерски таблици управувано од возач С.Н. (1974) која патувала заедно со Димче С. (1959) и Цена С. (1965), жители на општина Могила и трето патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т. (1991) со својот сопатник В.Р. (1991).
Во сообраќајната несреќа на местото на настанот животот го загубија Миле Р., Менка Р., Димче С., и Цена С., а смртта ја констатира медицинска екипа на Службата за итна медицинска помош од Здравствен дом Ресен. Со тешки телесни повреди na главата е лицето С.Н. која управувала со возилото „ауди А-4“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Се води истрагата за сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
-

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
