Балкан
15. November 2015 - 18:36

Трагедија: Се обеси малолетник од Ниш

Шеснаесетгодишно момче од Ниш се обеси вчера во својот дом.
 
Телото на момчето го пронајдоа неговите родители, а српската полиција потврди дека нема знаци за кривично дело.
 
Несреќното момче се обесило со појас од камион.
 
„Момчето немаше никакви проблеми. Семејството е угледно, убаво се сложуваше со другарите, на училиште беше се во ред“, изјави пријател на момчето за српски Курир.
 
Од средното училиште каде учело момчето потврдија дека тоа било весело, дружељубиво дете и одличен спортист.