Живот
1. September 2016 - 17:56

Трагедија: Позната спортистка загина на ужасен начин

Голема трагедија се случи во Англија каде 18 годишна фудбалерка на Евртон, Зои Тунан го загуби животот откако ја прегази воз. Смртта според зборовите на полицијата не е сомнителна, а најверојатно во прашање е несреќен случај.

Трагичната вест ја споделија со јавноста членовите на нејзиното семејство, клубот и полицијата.

-Беше весела, забавна и великодушна девојка. Беше омилена ќерка и сестра, каква што може само да се посака, пишува во соопштението од семејството.

Од неа се прости и Евертон, за кого играше, а клубот истакна дека никогаш нема да ја заброави.

-Беше посветена спортистка, најсреќна беше на теренот со топката. Трогна толку многу луѓе и никогаш нема да биде заборавена. се наведува во соопштението од клубот.

 Британската полиција соопшти дека околу 16.15 часот добила инфромација за мртво лице за кое се верува дека било прегазено од воз. Таа починала на самото место, а смртта не е окарактеризирана како сомнителна, а сцената беше ужасна.