Трагедија: Почина дете на Детската клиника во Скопје
Почина двеипол годишно дете од Велес на Детската клиника, потврдија за Канал 5 од Министерството за здравство.
Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис.
Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.
Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што добивме и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.
Раководството на клиниката и Министерството за здравство ги отфрлаат овие информации како шпекулации.
Од министерството информираат дека е пружена соодветна медицинска помош и дадена е соодветна терапија но и покрај сите напори на докторите детето кое лежело со бабата на клиника не ја повратило свеста и починало вчера во 15 часот.
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји