Македонија
7. јуни 2018 - 8:59

Трагедија: Ова е момчето кое почина играјќи фудбал во Кисела Вода

По веста дека починало 24 годишно момче додека играло фудбал на игралиште во Кисела Вода, на социјалните мрежи многу пријатели се простуваат од момчето.

Станува збор за Драган Крстев кој бил член на навивачката група „Комити“. На социјалните мрежи негови блиски изразуваат сочувство за прерано згаснатиот живот.

Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што констатирале смрт.