Македонија
1. January 2018 - 11:58

Трагедија: Новороденче почина во новогодишната ноќ

Утрово во 07,30 часот пријавено е од страна на лекар, дека во с.Трипатница, во ромската населба, во семејниот дом, починало новороденче (старо околу 10 дена).

Смртта настанала околу 03,00 часот, веројатно поради задушување.

Известен е Јавен обвинител, а телото на новороденчето е предадено за обдукција.