-->
-->
ТРАГЕДИЈА: Најмалку 92 лица загинаа при свлечиште во Колумбија
-->

Најмалку 92 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија.
Колумбиската Национална агенција за управување со кризни состојби соопшти дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и три нејзини притоки, до кое дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд.
Како што јави Би-Би-Си, претставникот на регионалните власти Сорел Арока изјави дека при свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба на Мокоа.
Градоначалникот на Мокоа, Хозе Антонио Санчез пак соопшти дека градот е „целосно блокиран“ и дека е без струја и вода,
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, кој се упати кон подрачјето зафатено од елементарната непогода, соопшти дека издал наредба за вклучување на армијата во пружањето помош на настраданите.
Тој на својот налог на Твитер објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
