Полицијата верува дека Хан ги убил своите деца додека спиеле, по што кренал рака на себе.
„Не можам ни да замислам некому да му одземам живот, а не пак да ги убијам своите деца“, рече началникот на полициајта на округот Мајк Нилсен.
-Тоа е невидено. Јасно е дека некој не бил целосно свој кога пукал од пиштолот, додаде тој.
Милсен вели дека ниту еден сосед во селската заедница не го слушнал пукањето.
„Не е невообичаено во нашиот рурален округ да слушнеме пукање, но никој ништо не слушнал, вели тој.
Нилсен одби да коментира дали имало проштално писмо на самото место, каде истражителите ја продолжија истрагата барајќи го можниот мотив за убиството и самоубиството.
Нилсен вели дека поранешната двојка имала двојно старателство над своите две деца и дека разводот изгледал релативно пријателски.
-Можно е и никогаш да не се разјасни мотивот зошто таткото ги убил своите деца, додаде Нилсен.
Според медиумите двојката се развела во 2017 година, а во декември Рис преку суд барала од Хан да го скрати времето кое го поминува со децата и тој секој месец да го тестира нивото на алкохол во крвта, на што тој подоцна и се сложил.
-Ова е голема трагедија за оваа заедница и страшно е што моите полицајци тоа мораа да го видат, сцените кои ги затекнаа ќе ги следат цел живот, рече Нилсен.
Погребот е закажан за четврток.