Спорт плус
12. July 2015 - 17:25

Трагедија на авто-трка на Ловќен!!!

Голема трагедија се случи на ридско брзинска трка на планината Ловќен во Црна Гора откако еден од натпреварувачите излета од патеката и удри во снимател од хрватска кој според информациите починал на лице место додека возачот заработил полесни повреди. 

Според веста од црногорскиот портал ЦДМ возачот Иван Капа го предизвикал инцидентот возејќи југо по што полицијата ја блокирала патеката и го истражува настанот. 
Името на загинатиот хрватски снимател не е објавено.