Балкан
31. March 2017 - 13:10

Трагедија: Му се запалила кварцната печка, момче изгоре во својот стан

Едно момче изгоре утрово во пожар во неговио стан покрај објектот за брза храна во населбата Љубиќ во Чачак.

Пожарната служба добила повик околу 6.10 часот, а пожарникарите кои за 20 минути го изгасниле пожарот го затекнале мртвото момче.

Извршен е увид и се претпоставува дека причина за пожарот е кварцна печка оставена вклучена преку ноќ.