-->
-->
Трагедија: Машко тело извадено од Вардар
-->

Од реката Вардар, кај пешачкиот мост „Око“ во Скопје, вчера напладне било извадено машко тело, соопшти полицијата.
Скопјанецот С.Б. вчера во 12:18 часот во полиција пријавил дека околу 12 часот додека ловел риба на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост „Око“ забележал како водата носи машко тело, кое се заглавило на камењата покрај мостот „Око“.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водата го извадиле телото. Станува збор за машко лице на возраст од 55 до 70 години. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
