Македонија
13. February 2019 - 21:49

Трагедија каква што не се памети: Автобусот однесе во смрт 13 лица

Автобусот што редовно сообраќа на релација Скопје - Гостивар попладнево околу 16.45 часот излета од патот кај тетовското село Ласкарци и однесе во смрт 13 лица.

На самото место загинаа 7 лица, а шест им подлегнале на повредите во скопските болници каде беа сместени, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Возачот ја преживеа страотната несреќа и со него разговараше полицијата и тој моментално е во болница и треба да помогне да се утврдат причините за страотната несреќа која вечерва ја потресе Македонија.

По извршениот увид автопатот Скопје - Тетово - Скопје во 20:55 часот е пуштен за сообраќај во двата правци.