Балкан
3. January 2020 - 15:58

Трагедија кај Турција: Се преврте брод полн со мигранти, осумина загинаа, полицијата трага по исчезнатите

Турското министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека осум лица загинале кога во близина на турскиот брег се превртел чамец кој превезувал мигранти. Полицијата бара седум лица кои се водат како исчезнати.

Во соопштението се наведува дека гумениот чамец со околу 15 лица се превртел доцна синоќа во близина на јужниот турски брег.

Крајбрежната стража испратила три чамци, екипа на нуркачи, авион и хеликоптер штом се известени за инцидентот на отворено море.

Извлечени се телата на осум лциа, од кои три се жени, се наведува во соопштението.

Нема податоци за националноста на мигрантите.

Турција е една од главните точки за преминување на мигрантите на пат кон западна Европа.

Договорот на Турција и Европската унија во 2016 година помогна да се запре приливот на мигранти, но многумина се уште се впуштаат во опасно патување преку Егејското море кон грчките острови.

Властите во Атина и Анкара пријавија пораст на мигрантите од летово.

Во Турција се наоѓаат околу 3,7 милиони сириски бегалци.