Балкан
5. October 2016 - 14:55

Трагедија ја потресе Србија: Почина омилената наставничка Соња Христовски

Четириесет и две годишната Соња Христовски од Ужице, Србија, починала на 3. октомври, по тешката борба со опасната болест.

Со тешката болест Соња се соочила пред година ипол. До сега била на лечење во Германија, Хрватска и Словенија, а најголема надеж и била терапијата во Израел.

Акцијата прво ја започнаа учениците и вработените во основното училиште „Душан Јерковиќ“, каде Соња работела како наставничка по биологија. Во собирањето пари се вклучиле и многу познати лица, па одржувале хуманитарни концерти, натпревари...

За жал, Соња ја изгуби битката, а зад себе ја остави 12-годишната ќерка Дуња и сопругот Дејан.