Македонија
14. July 2017 - 13:45

Трагедија ја потресе Битола: Утрово младо момче со „ауди“ излета од патот и загина

Рано утрово, околу 05,50 часот, на локалниот пат Битола- Граничен премин „Меџитлија“, во атар на с.Кравари, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди“, управувано од З.М.(27) од Битола, излетало од коловозот и се превртело.
 
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М. кој на пат кон Клиничка Болница Битола им подлегнал на повредите.