Македонија
10. May 2016 - 20:44

Трагедија го потресе Неготино: Пронајдено мртво 18-годишно момче

Во Полициската станица во Неготино утрово околу 8 часот било пријавено дека во куќа во градот бил пронајден 18 годишен неготинец во бессознание, а Итната медицинска помош констатирала смрт, потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. 

- Увид на лице место изврши увидна екипа од неготинската полиција, по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, додаде Стојковска.