Македонија
11. December 2018 - 16:32

Трагедија го погоди семејството Димковски - за среќа нема повредени во пожарот кој до пепел ја изгоре нивната семејна куќа

Пожар од електрична инсталација го пеплоса домот на семејството Димковски од кумановско село Габреш. Пламените јазици проголтале се што макотрпно создавале низ годините. Меѓу пепелта од изгорената покуќнина останале  само спомените од скромниот живот на ова 5члено семејство. Пожарот ги затекнал на спиење, но за среќа нема повредени. Избувнал синоќа доцна во ноќта, а пламенот брзо ширел и  ја зафатил целата куќа. 

Три соби и се што имале во нив се под овие изгорени ќерамиди. Семејството со 5 годишната ќерка сега е сместено во куќата до нив, кај чичкото на Горан. Немаат ниту вода ниту струја. Двајцата родители не се вработени, се занимаваат со одгледување на добиток. Во услови на снег и ниски температури тие се греат на дрвата кои останале во залиха. Вода за пиење позајмуваат од соседните куќи во селото. 

И минималната заштеда која ја имале изгорела во пожарот.Димковски молат за помош од сите хумани граѓани. 5 годишната Марина од следната година ќе биде прваче. Нејзините родители се скромни, бараат помош  во градежен материјал за да можат  повторно да изградат дом за нивните деца.

СТОПАНСКА БАНКА 200002282505440 ГОРАН ДИМКОВСКИ