Балкан
23. јуни 2016 - 20:19

Трагедија: Брат и сестра се удавија во дупка со вода

Полицијата на Косово потврди дека двајца малолетници, брат и сестра од 11 и 13 години загинале откако упаднале во дупка полна со вода во селото Кољевица кај Приштина.

На местото на несреќата дошол и градоначалникот на Приштина Шпренд Ахмети.

Како што јавуваат приштинските медиуми, децата од селото во таа јама се бањала во текот на топлите денови.

Полицијата ја продолжи истрагата.