Свет
10. December 2017 - 18:37

Траект со над 300 лица се насука крај Кале

 Траект што превезувал над 300 лица, денеска се насука на излез од пристаништето во северниот француски град Кале.

Локалните власти соопштија дека при несреќата нема повредени патници или членови на екипажот на траектот.

Причина за насукувањето бил силниот ветер, со брзина од 90 до 100 километри на час, кој го одвлекол траектот од превидената рута.  

Поради несреќата времено е прекинат сообраќајот низ каналот Ла Манш, меѓу Велика Британија и Франција. 

Претставник на полицијата информира дека се прават обиди траектот да биде извлечен до отворено море со помош на два реморкери.

Во моментот на несреќата на траектот, кој сообраќал на релација Кале - Довер, имало 316 лица, меѓу кои 208 патници.