Традиционало 25. искачување на Голем Кораб

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, планинарскиот клуб „Кораб“ денеска ја организира 25. традиционална акција - искачување на највисокиот врв во Република Македонија „Голам Кораб“ (2.764 метри надморска височина).
Официјално започнување на искачување на врвот ќе биде во 9 часот од караулата Победа, а „затворање“ на врвот и враќање на сите учесници кон стартната позиција ќе биде во 15 часот.
На учесниците ќе им бидат доделени признанија и благодарници, ќе има пункт за прва помош, а водачите од клубот ќе бидат долж патеката за евентуална помош и асистенција.
Од планинарскиот клуб „Кораб“ посочуваат дека сите учесници треба да бидат добро психофизички подготвени и опремени со стандардна планинарска опрема за високи планини и различни временски услови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
