Македонија
6. January 2016 - 9:04

Традиционално 24. Бадникување пред Соборниот храм

На платотот пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе се одржи традиционалното 24. по ред одбележување на големиот христијански празник Бадник .

Прославата е во организација на здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“. Кум на 24 Бадникување е стопанственикот Илија Малинсковски - Ики, а здравичар е познатиот естраден уметник Драган Мијаловски.

На прославата ќе присуствува и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. 

Според програмата, прославата ќе започне со изведување на Бадниковата химна и подигање на Бадниковото знаме. Предвидено е обраќање на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, по што здравичарот Мијалковски ќе ја каже здравицата за среќа и бериќет. Потоа, стариот кум Сашо Џиковски ќе му го предаде Бадникарскиот ќуп на новиот кум Илија Малинковски, кој од платото пред хранмот ќе замине со пајтон.

Прославата ќе продолжи со пригодна музичка програма.

На бадникарите и посетителите ќе им се дели чај и топла ракија, како и осветени бадникови гранчиња. вг/са/08:53

Скопје, 6 јануари 2016 (МИА) - На платотот пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе се одржи традиционалното 24. по ред одбележување на големиот христијански празник Бадник .