Традиционална семакедонска средба во битолско Трново

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, утре – 2 Август во дворот на македонската православна црква „Успение на Пресвета Борогородица“ во потпелистерското село Трново ќе се одржи Семакедонска средба.
Традиционалниот настан го организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.
Според утврдената програма која ќе почне во 10:30 часот, на средбата ќе се обратат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас, Пале Колефски градоначалник на општина Пустец, Васил Стерјовски пратеник во Собанието на Република Албанија и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.
-Продолжуваме со традицијата на еден клтурен настан кој нема политичка заднина. Средбата е исклучиво да се видиме и да поразговараме со македонците од земјата и странство, да си подадеме рака и да заиграме македонско оро во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Не отстапуваме од нашето мото мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, посочи во пресрет на средбата, долгогодишниот претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола, 88-годишниот Александар Поповски.
Во културно-уметничка програма ќе учествуваат членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола и македонски естрадни уметници.
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
-

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
