Традиционална „Напред розово“ прошетка за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка
Пациенти со рак на дојка, излечени од оваа болест и граѓани поддржувачи денеска по десетти пат учествуваа во традиционалната „Напред розово“ прошетка за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка во Македонија.
Mинистерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на манифестацијата во Градскиот парк во Скопје, порача дека раната детекција и скринингот може да доведат до целосно излекување на ова сериозно малигно заболување од кое страдаат многу жени.
- Во Министерството за здравство сме целосно посветени на спроведување на превентивната програма, на подобрување на системот на закажување на снимање за овие овие пациенти и напорно работиме на формирање на комисијата за позитивна листа на лекови, рече Филипче.
Во однос на забелешките на пациентите за „Мој термин“, министерот Филипле, рече дека имале работни состаноци и дале забелешки, што веќе се имплементирани во конкретни мерки со кои е зголемен бројот на термини во клиниките и во Клиниката за радиологија, со што времето на чекање значајни ќе се намали, додека пациентите со малигни заболувања ќе имаат посебна форма на приоритет во закажување на снимањата.
- Неколку дена во прекин беше работата на компјутерската томографија, заради инсталација на нов апарат, кој што е значително подобар и со поголем капацитет од стариот. Притоа и стариот ќе го поставиме на ново место, со што на ќе се дуплира капацитетот, рече Филипле.
Министерката за труд и социјална политика Мила Цароска, посочи дека е важно сите жени да застанат навремено во превенција на оваа болест и да си дадеме поддршка едни на други.
- Сите жени коишто во моментов не направиле преглед денеска треба да се потсетат дека треба да го направат и да превенираме она што понатаму би требало да се лекува. Само со подигање на јавната свест можеме да спречиме многу жртви од оваа болест, рече Цароска.
Aмериканскиот амбасадор Џес Бејли, рече дека со денешната прошетка луѓето од Скопје се придружуваат на стотици илјадници луѓе од целиот свет во прошетката против ракот на дојка, за подигање на свеста и потребните средства за превенција, истражување и поддршка на жените
- Сите ние сме погодени од ракот на дојката и сите ние можеме да помогнеме во подигање на свеста и превенцијата, порача Бејли.
„Напред розево“ е уникатен настан кој ги обединува сите кои ја преживеале болеста, нивните пријатели, како и сите граѓани на Македонија. Со „Напред розево“ веќе десет години здружението „Борка“ и Македонија се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка. На настанот им беа врачени „медал на честа“ на 10-те жени и мажи, кои се избориле со рак на дојка за нивната посветеност во кампањата „Напред розово“. Претходно групата „Трка за надеж“ учествуваше на Скопскиот маратон во трчање.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец