-->
-->
Toти се повлекува на директорска функција
-->
Живата легенда на Рома, Франческо Тоти, на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера и веднаш ќе седне во директорската фотелја во клубот, соопшти генералниот менаџер Мауро Балдисони.
Балдисони, рекол, дека Тоти најмалку шест години, ќе ја обавува директорската функција.
„Сеуште постои шанса тој да продолжи да игра, но тоа треба да го решат Тоти и претседателот Палота. Претседателот веќе изјави дека Тоти ќе има свое место во клубот. Кај нас ништо не е сменето по последните случувања, Тоти ќе се врати во тимот за наредниот меч“, рекол Балдисони.
Франческо Тоти во септември ќе наполни 40 години, тој целата своја кариера ја минува во дресот на Рома. За ’волчицата’, Тоти има одиграно 749 натпревари и постигнато 300 голови. Со Рома има освоено една титула во Серија А и две титули во Купот и Суперкупот на Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО