-->
-->
Тотенхем преку Вимблдон во следната рунда на ФА Купот
-->
Екипата на Тотенхем ја оправда улогата на фаворит и забележа убедлива победа над членот на третата лига Вимблдон.
Тотенхем славеше триумф над Вимблдон со 3-0 во дуел од 3.коло на најмасовното англиско фудбалско натпреварување ФА купот, со што „Спарси“ обезбедија пласман во шеснаесетинафиналето .
Иако во првиот дел немаше погодоци, сепак во вториот беа постигнати три. Хари Кин беше стрелец на првите два гола во 63-тата и две минути подоцна (65). Третиот гол беше дело на белгискиот репрезентативец Јан Вертонген во 71.минута од средбата.
Покрај Тотенхем од премиер лигашите пласман во следната фаза досега обезбедија: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул,Њу Касл,ВБА, Саутемптон, додека Челзи, Вест Хем и Лестер ќе мора да одиграат повторно со своите противници од пониските конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија