-->
-->
Тотенхем го избра Португалецот Нуно Еспирито Санто за нов тренер
-->
Англискиот прволигаш Тотенхем стави крај на сагата околу наследникот на Португалецот Жозе Мурињо, назначувајќи го вечерва неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто за нов тренер.
Премиерлигашот од Лондон објави дека Санто ќе остане на клупата на Тотенхем до крајот на 2023 година.
Санто го наследува Мурињо по четиригодишна соработка со премиерлигашот Вулверхемптон, со кој избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона настапи во четвртфиналето во Лига Европа.
– Пред сè, сакам да му посакам добредојде на Нуно во клубот. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за трпението што го покажаа во целиот овој процес, изјави за клупскиот сајт претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН