Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор

Повеќе не можеме да ги гледаме криминалот и тероризмот како одвоени појави. Тие сè повеќе се поврзуваат и функционираат како една хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор. Безбедноста на секоја држава е директно поврзана со безбедноста на нејзините соседи. Затоа, клучно е да ги зајакнеме регионалната соработка, размената на информации и заедничките оперативни активности, истакнал денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во обраќањето на министерскиот состанок во Атина.
Тошковски, како што информира на својот фејсбук-профил, учествувал на состанокот заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и директорката на Агенцијата за разузнавање.
Министерскиот состанок бил во рамките на Акаба-процесот, посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот.
Тошковски во рамките на посетата на Атина се сретнал и со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Крисохоидис, на која разговарал за продлабочување на билатералната соработка во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и нелегалната миграција.
- На средбата посебно зборувавме за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на предизвиците произлезени од имплементацијата на новиот систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС), со посебен акцент на намалување на времето на чекање на граничните премини во пресрет на туристичката сезона. Министерот Крисохоидис ја прифати поканата да ја посети нашата држава, да разговараме за унапредување на соработката, пред сè, во борбата со организираниот криминал и заеднички да лоцираме решенија за предизвиците со кои се соочуваме - наведува министерот Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
