Тошковски: Максимум може да се направат по 3.000 пасоши дневно

Дневно може да се изработат само по 3.000 нови пасоши, но во оптимизирани услови.
Техничкиот министер за внатреши работи, Панче Тошковски во гостувањето во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител вели дека најважно е да не се изгуби континуитетот и динамиката во испораката на обрасците.
-Ако има печатење на пасоши од тип Б со други јазици, ќе биде под 2.800, така е побавно, вели Тошковски.
Според неговите прогнози, пасошите ќе се обноват до Нова година доколку се биде во ред со машините и со испораката на обрасците.
-До Нова Година ќе може да се стаса, имаме отприлика околу 10 месеци, но само ако се зголеми капацитетот, барем минимално, и ако ги имаме обрасците - ќе може да ги обновиме оние пасоши 650.000 со старото име. Уште една машина не може да се обезбеди, затоа што сега се избори, а таа постапка трае долго врме. Ако работиме 25 дена во месец, по 3.000 на ден, тоа е 75.000 месечно. Со оваа бројка ќе може да се обноват, рече Тошковски.
Ново на Сител
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
-

Три возила опожарени во гаража во скопско Батинци
-

4-годишно девојче и 38-годишен маж починаа по операција на крајници во болница во Чачак
-

Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции
-

ССМ ја реализираше втората етапа од блокадите
-

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага по допрен глас за користење службено возило за приватни цели од страна на Трендафилов
