Тора побара преговори со Владата во Мадрид
Каталонскиот лидер Квим Тора денеска побара разговори со Владата во Мадрид, по пет дена немири предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.
– Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас, истакна Тора, додавајќи оти минатонеделното насилство не ја отсликува „мирната природа” на движењето за независност на Каталонија.
Каталонската и шпанската полиција синоќа ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои шест часа го блокираа градот.
Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот. Синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.
Владата на Каталонија, составена од две партии за независност, во последниве денови повикуваше на масовни и мирни демонстрации.
Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Ново на Сител
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action