Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми.
Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.
Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидуваат од 40 до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.
Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
