„Тони Ердман“ на Марен Аде добитник на филмската награда ЛУКС

Филмот „Тони Ердман“, политичка трагикомедија што ги истражува културата на современиот бизнис, на германската режисерка Марен Аде, е добитник на филмската награда ЛУКС, што ја доделува Европскиот парламент.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, името на наградениот филм денеска лично го соопшти претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, во присуство на поранешната европратеничка Дорис Пак, која беше инцијатор за воведување на наградата.
Аде од своја страна изјави дека и претставува голема чест што ја добила наградата.
- Јас можам да бидам Германка и истовремено европска режисерка. Филм како што е „Тони Ердман“ може да постои само со европски финансирања на филмските проект. Ние бевме изненадени од успехот на филмот, рече Аде.
Покрај „Тони Ердман“, кој претставува германско-австриско-романска копродукција, конкуренти за наградата ЛУКС беа и „Едвај ги отворам очите" на Лејла Бузид во заедничка копродукција на Франција, Тунис, Белгија и Обединетите Арапски Емирати, како и франциско-швајцарскиот „Мојот живот на тиквичка“ на Клод Барас.
„Едвај го отворам очите“ говори за секојдневието на младите во Тунис пред револуцијата од 2010 година, а „Мојот живот на тиквичка“ е анимиран филм снимен во стоп моушан техника, за животот на едно момче во дом за напуштени деца.
Наградата ЛУКС се доделува секоја година од страна на Европарламентот, на најдобрите достигнувања на европската кинематографија според оценки на европратениците и гледачите, со цел да ги направат достапни за широката публика и надминувајќи ги јазичните и културните бариери.
Наградата ЛУКС (Светлина) опфаќа и превод и титлување на филмовите-лауреати на сите 24 официјални јазици на Европската Унија, како и прилагодување на филмовите за лицата со оштетен слух и вид.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
