Томовски: Понижувањата се систем и начин на работа на власта на СДСМ
Последниот скандал во низата понижувања на премиерот Ковачевски покажува дека понижувањата се систем и начин на однесување кога станува збор за власта на СДСМ.
И скандалот со прифаќањето на провокацијата за ословување на Македонија како Западна Бугарија, не е прв испад на државниот врв. Однесувањето на подвиткана кичма кое го започна Зоран Заев успешно го продолжува Димитар Ковачевски.
Впрочем предавствата и понижувањата е единствената работа која со успех ја прави оваа влада, наспроти поразите, инфлацијата и сиромаштијата.
Погледнете го ова видео како македонските премиери Заев и Ковачевски одобруваат дека македонскиот јазик бил бугарски, дека Македонија наводно била Западна Бугарија и како со омаловажување се однесува регионот кон луѓе без кичма како Ковачевски и Заев.
Кога Ковачевски без проблем прифаќа дека Македонија е Западна Бугарија можете да замислите што се прифаќа на зелена маса кога преговара со Бугарија.
Кога вака се однесува кога ја понижуваат државата и народот, можете да замислите што се прави кога нема камери.
Ковачевски е компромитиран и нема никаков кредибилет веќе да преговара со Бугарија. Тој прифати, се смее и не реагира на наводите дека Македонија била Западна Бугарија.
За нив ова е смеа а за македонскиот народ и граѓани патење и понижување.
Бараме итно Ковачевски да се тргне од преговорите со Бугарија бидејќи ја понижува државата, да си даде оставка и да се извини на граѓаните на Македонија поради огромниот скандал.
Со секој поминат ден Македонија го пробива дното со оваа власт.
Толку од почитта, толку од меинстрим политичарите на СДСМ.
Ваков блам не смее да биде премолчен.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење