Фудбал
22. December 2015 - 10:30

Томиќ е новиот тренер на ФК Партизан

Поранешниот фудбалер на Партизан и Рома, Иван Томиќ е новиот тренер на ФК Партизан. 

Томиќ доаѓа на местото на Љубинко Друловиќ кој разочара со елиминацијата на црно-белите од Лига Европа. 
Ова е трета тренерска смена во Партизан оваа сезона која започна под водството на Милинковиќ кој му го отстапи местото на Друловиќ. 
Томиќ доаѓа на кормилото од Телеоптик, вториот тим на Партизан и е назначен од привременото раководство на чие чело е легендарниот Иван Ќурковиќ.