Томан: За испорака на вакцини во Македонија треба да почекаме насоки од Европската комисија

Амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска рече дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава.
-Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Северна Македониаји и западноевропските држави. Парите се тука, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините. Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Северна Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Македонија, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Премиерот Заев, пак, истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат, посочи, хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството.
-Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината, порача Заев.
Ново на Сител
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
