Томан: Преговорите со Македонија да почнат што е можно побрзо
Амбасадорот на Чешка во земјава Мирослав Томан, изјави денеска дека преговорите со Македонија и со Албанија треба да почнат што е можно побрзо. Тој, одговарајќи на прашањето на МИА дали можеме да очекуваме решение со Бугарија до крајот на годинава, имајќи ги предвид и посетите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во текот на една седмица ги посети и Скопје и Софија, рече дека овие посети се уште еден доказ за огромните напори на политичарите од ЕУ, како и на двете влади, под претседателството на Словенија, за да се дојде до решение за почеток на преговори со Скопје и Тирана.
– Одлуката за почеток на преговори веќе е донесена од страна на Советот на ЕУ, и сега треба да дојдеме до решение за усвојување на Преговарачката рамка, и ова е само прашање на време. Ова е ставот на Чешка по ова прашање, и се надевам дека ова е позицијата на целата ЕУ оти Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите што е можно побрзо. Правиме се за да се дојде до решение за почеток на преговори. Се надевам дека ова ќе вроди со успех и дека ќе видиме резултати пред крајот на годинава, оцени чешкиот амбасадор.
Тој потсети дека Чешката Република целосно ја поддржува Македонија од самиот почеток на процесот на пристапување во Европската Унија.
– Сметам дека сите овие посети на европски претставници, се уште една потврда дека Македонија има силна поддршка од европските држави и прашањето не е дали, туку кога ќе се случи тоа. И сите се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Исто така, треба да бидеме реалистични, знаеме дека во Бугарија има техничка влада и тоа го отежнува изнаоѓањето решение, но ние не се предаваме, рече Томан.
Амбасадорот посочи дека даваат силна поддршка на сите оние кои се вклучени во разговорите за изнаоѓање решение меѓу Скопје и Софија.
– Нашата позиција е преговорите да започнат што е можно побрзо, со надеж пред крајот на годинава. Нашите колеги од Словенија работат напорно, претходното преседателство со ЕУ исто така ги вложи сите напори за ова прашање и треба да постигнеме договор за ова прашање, посочи чешкиот амбасадор Томан.
Претседателката на ЕК Фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување Вархеји оваа седмица го посетија Скопје. Фон дер Лајен изрази уверување дека е можно надминување на блокадата од Софија и одржување на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија до крајот на годинава. Вархеји, пак, вчера на Твитер напиша дека со премиерот Зоран Заев разговарале како да го придвижат напред процесот на проширување преку отворање преговори со Македонија и со Албанија.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ