Том Круз променет до непрепознатливост

На доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и театарска уметност (БАФТА), изненадување претставуваше појавата на актерот Том Круз.
Но, она што привлече најголемо внимание и беше предмет на безброј коментари беше неговиот изглед.
Фановите, но и колегите кои извесно време не го виделе, останаа изненадени од неговото потечено и „замрзнато“ лице, без никакви брчки на челото и при тоа веднаш препозна траги на ботокс и пластична хирургија.
- Лицето на Том Круз. Не знам што направи со него, но изгледа како Сенди Токсвиг од 90-те, напиша писателката Рут Дејвидсон на Твитер.

Водителката Мјуриел Греј неговиот нов изглед го нарече трагедија.
- Навистина е трагедија како Том Круз го упропасти своето убаво лице, кое толку убаво му стоеше, напиша таа.
За разлика од нив голем број непознати корисници на Твитер беа уште посурови во коментарите.
- Страшно, што направи од лицето? Изгледа пострашно од онаа мечка во „Повратник“, коментараше еден корисник на Твитер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
