Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
Поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Штетата дополнително ќе се утврдува, информира денеска медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, по поплавата што се случила синоќа.
Тој истакна дека поплавата се случила ноќеска во еден часот по полноќ.
- Пукна радијатор во една лекарска канцеларија на вториот кат на Клиниката. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. При што, повикано е лице од клиниката кое помогнало да се сопре водата од главните вентили, додаде Петровски.
Вработени од Клиниката претходно изјавија дека ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории во обектот. Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.
Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукната цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.
[Клиника за Токсикологија]
- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.
Во понеделникот лекари од Клиниката алармираат дека се соочуваат со проблеми во работењето и дека главен проблем во моментот е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот е и болничар, кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.
Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка