Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива
Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто, ја оцени како погрешна и несфатлива одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ја блокира продажбата на Ју-Ес Стил (US Steel) на јапонската компанија Нипон Стил (Nippon Steel).
Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија НХК.
Тој најави и дека јапонската Влада ќе побара од администрацијата на Бајден подетално да ја објасни својата одлука.
Бајден вчера издаде налог за стопирање на зделката вредна 14 милијарди долари, наведувајќи ризици за националната безбедност.
– Треба големите американски компании кои го претставуваат најголемиот дел од американскиот капацитет за производство на челик да продолжат да се борат за националните интереси на Америка, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори