Живот
17. November 2020 - 9:40

Токио е најдобриот град за живеење во 2020 година

Во оваа 2020 година, концептот за најдобар град за живеење е променет… Веќе не се зема предвид само забавата и културата, чистиот воздух и високата плата. Годинава, пред сѐ, најбитно беше – здравјето.

Списанието „Глобал фајненс”, традиционално, ја состави годишната листа најдобри градови за живеење во светот, врз основа на вообичаените параметри, но сега се зема предвид и бројот починати од Ковид-19 на милион жители, што се оценува со коефициент 3 заради приоритетност. Податоците се обезбедени од Универзитетот „Џон Хопкинс”.

Во таа смисла, Токио е на прво место, а европските Милано, Мадрид и Барселона се најдоа по 35. место… Скоро од првиот миг, кога вирусот излезе од границите на Кина, Јапонија ги затвори своите граници и објави дека ги одложува Олимписките игри, успевајќи истовремено и доста ефикасно да ги заштити своите граѓани, колку е тоа можно.

Следува списокот најдобри градови за живеење во 2020 година:

1. Токио, Јапонија,

2. Лондон, Велика Британија,

3. Сингапур,

4. Њујорк, САД,

5. Мелбурн, Австралија,

6. Франкфурт, Германија,

7. Париз, Франција,

8. Сеул, Јужна Кореја,

9. Берлин, Германија,

10. Сиднеј, Австралија.