Тој систем веќе не можам да го поднесам: Полицајката која „се удри“ во пајакот си даде отказ во МВР

Полициската службеничка Јасмина Ангелеска која во јавноста стана позната по инцидентот кој го имаше со функционерот на ДУИ Бекир Асани кога со пајак возило се обидуваше да го отстрани неговиот автомобил денеска на социјалните мрежи објави дека си заминува од полицијата.
Отказот следи поради како што вели серијата навреди кои и биле нанесени без при тоа да го спомне инцидентот во кој се удри во пајак возилото.
Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата. – пишува сега веќе поранешната полициска службеничка Јасмина Ангелевска на својот профил на Фејсбук.
Обвинителството на почетокот на минатата година се откажа од кривично гонење на функционерот на ДУИ откако не најде доволно докази дека извршил напад врз службено лице. Полицајката Ангелевска во медиумите изјави дека Асани само вербално и се заканувал а дека таа повредите ги здобила удирајќи се во пајак возилото.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Граничниот премин Ники затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата непречен
-

Продолжи судењето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери, одбраната смета дека вештачењето е парцијално
-

УХМР: Продолжува периодот на претежно сончево и тивко време
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
