Живот
28. September 2017 - 21:58

Тој има 51, а таа 15: Девојчето што побегна со учителот не се кае - спиев со него и не ми е жал!

Елизабет Томас имала само 15 години кога ја грабнал нејзиниот поранешен учител Тед Куминс (51) кој тогаш бил оженет.

Тргнала голема полициска акција, а Елизабет денеска вели дека не и е жал што побегнала со Тед. Ги бараа ширум американската сојузна држава Тенеси, се додека не ги пронајдоа, килметри подалеку во Калифорнија.

Куминс ги фрлил нивните мобилните телефони во река, го исклучил ГПС во својот автомобил и двајцата ги исфарбале косите.

И оставил порака на сопругата дека ќе оди малку да ги разбистри мислите, но не ја споменал Елизабет.

Елизабет очигледно сонувала за брак со Тед зошто на Инстаграм напишала „жена“ и ставила емотикон во форма на прстен. Двојката е забележана како купува кондоми и останати работи, а пронајдени се во скриена дрвена куќичка.

Потрагата траела 5 месеци. Тед призна дека спиеле заедно. Призна дека пред да ги фатат купил скап кајак и планирал бегство во Елизабет во мексико.

На Тед судењето ќе му почне во јануари. Елизабет ретко даваше изјави во јавноста.

-Не жалам поради тоа, но не велам ниту дека правилно постапивме. Тоа беше искуство со кое морам да живеам до крајот на животот. Тоа е добро и лошо, рече Елизабет.

Рече дека е бесна што луѓето и поставуваат толку лични прашања.

-Сите мора да се смират. Јас сум само човечко суштество. А луѓето зборуваат за мене како да ме познаваат, а не ме знаат ниту пак некогаш со мене разговарале, вели Елизабет.