Тој е супердедо: На 99 години 50 метри краул за 56, 12
Австралијанецот Џорџ Коронс, кој има 99 години, исплива 50 метри краул за 56, секунди на официјалиот натпревар во Квинсленд. Тој се надева дека неговиот резултат и официјално ќе биде потврден како светски рекорд во старосната група од 100 до 104 години.
Коронс има право да биде прогласен за светски рекордер во таа старосна група, бидејќи во април тој ќе полни 100 години.
Пливачот истакна дека е воодушевен од резултатот, како и од публиката, која гласно го бодреше за време на трката.
Во видеото објавено од Би-Би-Си, се гледа дека судијата му помага на Коронс да се искачи на стартниот блок, а потоа следеше решителен скок во базенот.
- Штотуку присуствуваме на историски момент, објави на Фејсбук еден австралиски пливачки клуб.
Коронс, кој е од Бризбејн, вели дека како млад бил страстен пливач, но престанал да плива кога избувнала Втората светска војна.
Повторно му се вратил на пливање кога имал 80 години, сега тренира трипати неделно, а оди и во сала за вежбање.
Својот успех го препишува на добрата техника.
-Првите десет удари беа добро избалансирани ...и така се држаев до последните 10 метри, се чувствував уморен, но, сепак, продолжив, објаснува Конорс.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип