Тој е скромно момче: Ѕирнете во домот на славниот турски актер
Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит, познат како Бали Бег од серијата „Сулејман Величествениот“, на Инстаграм често споделува фотографии од својот дом.
Главно тоа се моменти на одмор и чисто уживање кое сака да ги сподели со фановите, а една работа кој е посебно интересна, е што на ниту една фотографија нема детали кои блескаат или парчиња од кич мебел.
Во станот на Бурак се е под конец, мебелот е вклопен во неговиот едноставен, но префинет вкус, без претерување и луксуз кој ги краси домовите на повеќето ѕвезди.
Се е умерено, парчињата класични, а целиот ентериер е во духот на турската традиција.
Дури и вратите, прозорците и кепенците се офарбани во сина боја, што се пректикува во Турција одамна и е препознатлив дел од ориенталниот екстериер.
Она што кај Бурак е дефинитивно задолжително е неговата удобна тераса, на која се наоѓа плетена лулашка, а погледот се протега на целиот Босфор.
Терасата е омиленото место на актерот каде тој поминува доста време читајќи книги и сценарија.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово