Спорт плус
15. February 2018 - 14:08

Тодоровска заврши на 85.место на 10.км крос-кантри

 
 
 
 
 
Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на Зимски олимписки игри во Прјонгчанг. 
 
17-годишната Тодоровска настапи во трката на 10.км крос-кантри. 
 
Во конкуренција на 90 натпреварувачки, Македонката се пласира на 85.место. 
 
Тодоровска заостана безмалку 8.минути (7 минути и 57 секунди), зад победничката и нова олимписка шампионка Рагхнилд Хага (25:00.5 минути)
 
Со медали во оваа дисциплина се закитија и Швеѓанката,Шарлот Кала и Норвежанката Марит Бјорген