-->
-->
Тодоров: Во поплавите беа спасени 1.000 луѓе
-->

Полицијата и војската мораа педа до педа да пребараат дали има затрупани и заглавени луѓе, но за жал имаше и жртви, иако има голем број на спасени.
Oколу 1000 луѓе беа спасени, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во Отворено студио на ТВ Нова.
-Ме разочараа обвинувањата од пратеничката Софија Куновска, да беа кон мене упатени немаше толку да ме погодат, колку што ме погодија овие, бидејќи знам што правеа на лице место полицајците и војниците. Таа пожртвуваност не треба да се критикува, вели Тодоров.
Тој додава дека што се случувало во погодените подрачја наликувало на сцени од хорор филм, апокалиптични и страшни слики, водата носела сè пред себе.
-Улици, возила, буквално сè носеше водата. Сите се координиравме. Градоначалниците Коце Трајановски, Тони Трајковски, министерот Дритон Кучи, од првиот момент беа на терен, изјави Тодоров.
Тој додава дека 3 часот по полноќ бил свикан првиот состанок на оперативниот штаб, но претходно сите биле излезени на терен.
-Се обидувавме да се координираме и да се помогне веднаш на терен бидејќи имаше многу јавувања. Страшна природна катастрофа. Првата одлука беше да се почне веднаш со спасување и пребарување. Тоа е протокол по кој мора да се оди, вели Тодоров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени две лица од Кавадарци, при преглед и претрес пронајдени дрога и пари
-

До недела претежно облачно со дожд и снег, од понеделник стабилно и студено
-

Уапсен 27-годишен кумановец баран за издржување казна затвор од 2 години
-

Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“
-

Невидена гејмерска манија: ГТА VI одиграна 683 милиони часа за само четири дена од 39 милиони играчи на PlayStation 5
-

19-годишниот леопард Пан Баобао престар за диета – „Нека биде стар, дебел и среќен“, одлучија од зоолошката градина
-

Реал е првиот тим што избори плејоф во Лигата на шампионите
-

Почина гитаристот на „Дјуран дјуран“, Енди Тејлор
